Поларна ноќ
Поларна ноќ — природна појава кога ноќта трае преку 24 часа, а до ова доаѓа само внатре во поларните кругови. Спротивната појава кога сонцето останува над хоризонтот долго време се вика поларен ден или полноќно сонце.
Често недоразбирање е дека на најкраткиот ден во годината (зимска рамноденица) во секој момент кога доаѓа до појава на полноќно сонце во поларниот круг е целосна темнина. Ова е точно за местата кои се близу до половите, но не важи за регионите кои се наоѓаат во внатрешноста на поларните кругови каде доаѓа до појавата на полноќно сонце. Поради самракот во овие региони се појавува поларен самрак наместо поларна ноќ. Всушност, поларните региони типично имаат повеќе самраци во текот на целата година отколку регионите околу екваторот.
Во регионите во поларните кругови времетраењето кога сонцето е под хоризонтот може да биде од 20 часа на Арктикот и на Антарктикот до 179 дена на географските полови. Но, не цело ова време се смета за поларна ноќ, затоа што може да има поприлично сончева светлина поради појавата на прекршување на зраците. Исто така може да се забележи дека времето кога сонцето на половите е над хоризонтот се смета за 186 дена. Несиметричноста во бројките е затоа што времето кога сонцето е делумно над хоризонтот се смета како „дневно време“.