Планини Вуданг (кинески: 武当山) — мал планински венец во северозападниот дел на Хубеј, Кина, јужно од Шијан. Во нив се наоѓа познатиот комплекс на таоистички храмови и манастири поврзани со богот Сјуенву. Планините Вуданг се познати по практиката на тај чи и таоизмот како таоистички пандан на манастирот Шаолин, кој е поврзан со кинескиот чан будизам. Планините Вуданг се една од „Четирите свети планини на таоизмот“ во Кина, важна дестинација за таоистички аџилак. Во 1994 година, манастирите како Градината Вуданг биле ставени на списокот на светското наследство на УНЕСКО поради нивното верско значење и архитектонско достигнување.
Photographies by:
Statistics: Position
570
Statistics: Rank
282940
Add new comment