Патагонија (шпански: Patagonia) е ретко населен регион во јужниот дел на Јужна Америка. Регионот Патагонија денес е поделен помеѓу две држави Аргентина и Чиле. Патагонија ги зафаќа јужните предели на Андите, како и Патагонската пустина, пампасите и пасиштата кои се наоѓаат источно од Андите. Патагонија на исток излегува на Атлантскиот Океан, а на запад на Тихиот Океан
Како северни граници на Патагонија, односно аргентинска Патагонија, често се сметаат реките Колорадо и Баранкас, реки кои извираат во Андите и завршуваат во Атлантскиот Океан. Архипелагот Огнена Земја исто така често се вклучува во регионот Патагонија. Чилеанскиот дел на Патагонија на север завршува со фјордот Релонкави.
Photographies by:
Zones
Statistics: Position
1497
Statistics: Rank
82701
Add new comment