Паштунски јазик
Паштунски јазик (насх: پښتو - МФА: [paʂ'to]), исто така познат и како авганистански, е индоевропски јазик што се зборува во Авганистан и северозападен Пакистан. Јазикот припаѓа во групата на индоирански јазици. Пашту зборуваат околу 38 до 42 милиони луѓе во целиот свет. Паштунскиот е службен и национален јазик на Авганистан.