Frankfurt am Main

( Франкфурт на Мајна )

Франкфурт на Мајна или само Франкфурт (германски: Frankfurt am Main) — најголемиот град во германската покраина Хесен и петти по големина во Германија, со 672.000 жители. Во урбаното подрачје се проценува дека има 2.295.000 жители во 2010 година. Градот е во центарот на големото метрополско подрачје Франкфурт/Рајна – Мајна, кој има 5.600.000 жители и е вторa најголема метрополитенска германска област.

Градот е расположен на стариот брег на реката Мајна, германски збор за тоа е „Furt”. Тоа е дел од поранешната Франконија, а жителите беа раните Франки. Така, името на градот го открива своето наследство како „брег на Франките“.

Сместен на реката Мајна, Франкфурт е финансиски и транспортен центар во Германија и најголем финансиски центар во континентална Европа. Тој е седиште на Европската централна банка, Германската сојузна банка, Франкфуртската берза и на Франкфуртскиот саем, како и седиште на уште неколку големи комерцијални ...Read more

Франкфурт на Мајна или само Франкфурт (германски: Frankfurt am Main) — најголемиот град во германската покраина Хесен и петти по големина во Германија, со 672.000 жители. Во урбаното подрачје се проценува дека има 2.295.000 жители во 2010 година. Градот е во центарот на големото метрополско подрачје Франкфурт/Рајна – Мајна, кој има 5.600.000 жители и е вторa најголема метрополитенска германска област.

Градот е расположен на стариот брег на реката Мајна, германски збор за тоа е „Furt”. Тоа е дел од поранешната Франконија, а жителите беа раните Франки. Така, името на градот го открива своето наследство како „брег на Франките“.

Сместен на реката Мајна, Франкфурт е финансиски и транспортен центар во Германија и најголем финансиски центар во континентална Европа. Тој е седиште на Европската централна банка, Германската сојузна банка, Франкфуртската берза и на Франкфуртскиот саем, како и седиште на уште неколку големи комерцијални банки. Аеродромот во Франкфурт е еден од светските најпрометни меѓународни аеродроми, Централната железничка станица во Франкфурт е една од најголемите крајни станици во Европа и Франкфуртскиот Кројц (Autobahn крстосница) — најупотребуваната крстосница во Европа. Франкфурт е единствениот град во Германија кој е на списокот на десетте Алфа светски градови. Франкфурт се наоѓа во поранешната Американска окупациона зона во Германија и тој порано беше седиште на американската армија во Германија.

Франкфурт се смета за алфа светски град, запишан во списокот во 2008 година од страна на групацијата на Лофборскиот универзитет и е рангиран на 21 место од сите глобални градови во поглед на надворешната политика од страна на Индексот на глобалните градови во 2008 и претставува меѓународен центар за трговија, финансии, култура, сообраќај, образование и туризам. Според анкетата во врска со трошоците за живот на трговецот, Франкфурт е втор најскап град во Германија, а 48-ми во целиот свет. Франкфурт, исто така, се вбројува во топ десетте најубави градови за живот во светот, според консултантската агенција за човечките ресурси Мерсер.

Меѓу говорниците на англиски јазик, градот е познат едноставно само како Франкфурт, иако повремено Германците го нарекуваат со полното негово име за да го разликуваат од другиот Франкфурт (значително помал) во областа Бранденбург, Франкфурт на Одра.

40% од населението на Франкфурт, и 65% на оние на возраст под пет години се со имигрантско потекло.

Photographies by:
Statistics: Position
4112
Statistics: Rank
26546

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
571249368Click/tap this sequence: 4929

Google street view

Where can you sleep near Франкфурт на Мајна ?

Booking.com
489.821 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 72 visits today.