Олантајтамбо (шпански: Ollantaytambo, кечуански: Ullantaytampu) е мал град и археолошко наоѓалиште во јужно Перу. Гратчето се наоѓа на околу 60 километри северозападно од Куско на надморска височина од околу 2.792 метри. Олантајтамбо бил кралска резиденција во Тавантинсују, поточно на Сапа Инка Пачакути. Пачакути кога го освоил регионот го изградил градот заедно со церемонијалниот центар. За време на шпанската инвазија, градот бил упориште на Манко Инка Јупанки кој дал отпор на Шпанците. Денес Олантајтамбо е важна туристичка атракција.
Add new comment