Отоманско Царство

Отоманско Царство или Османлиско Царство (отомански турски: دولتْ علیّه عثمانیّه Devlet-i Âliye-yi Osmâniyye; турски: Osmanlı İmparatorluğu), исто така од современите историчари позната и како Турска Империја — мултиетничка држава што постоела во периодот од 1299 до 1922 година, или вкупно 624 години како империјална монархија, или до 24 јули 1923 година, де јуре како држава.Таа била наследена од страна на Република Турција, која официјално била прогласена на 29 октомври 1923 година.

Таа е една од најголемите империи што кога било владееле со границите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од страна на туркиското племе Огузи во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османлиската династија. Основач на династијата бил Осман I (неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако како династија не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се самопрогласил за султан. Дотогаш, владетелите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии.

Отоманското Царство своето име го добила по својот основач, првиот султан Осман I. На турски јазик, Осман се вика Отоман (Uthmān) од каде доаѓа и името на Отоманското Царство. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и Висока Порта или само Порта, кое води потекло од францускиот превод за зборот Баб'и'али (турски: Bâb-i-âlî) кое значи „висока капија“, според интегрирањето на империјата од Европа во Азија.

Отоманското Царство во многу аспекти се смета за исламски наследник на Источната Римското Царство.

Destinations