बंगाल बाघ ( Бенгалски тигар )

Бенгалскиот тигар (Panthera tigris tigris или Panthera tigris bengalensis) познат и како Кралски бенгалски тигар, е подвид на тигар кој главно живее во Индија и Бангладеш. Го среќаваме и во делови на Непал, Бутан, Мјанмар и јужен Тибет. Бенгалскиот тигар е еден од најголемите и најбројните подвидови на тигри. Владата на Индија пријавила дека има околу 1411 тигри во дивината.

Единствено живеалиште на овој подвид е индискиот потконтинент. Поради ширењето на човекот, природното живеалиште на бенгалскиот тигар драстично е намалено. Повеќето тигри во Индија, каде живеат околу 50% од вкупната популација на тигрите, се фрагментирани на мали изолирани популации, што ги прави ранливи и во опасност од изумирање.

Бенгалските тигри се сметаат за втор најголем подвид на тигар по сибирскиот . Ова е најбројниот подвид, живее во најразлични животни средини вклучувајќи пасишта, тропски и суптропска дождовни шуми, суви и влажни листопадни шуми и мангруви. Бенгалскиот тигар е национално животно на Бангладеш, а видот тигар е национално животно на Индија.