Девојка со бисерна обетка (холандски: Meisje met de parel) — маслена слика на холандскиот сликар од златното доба Јоханес Вермер, датирана околу 1665 година. Низ вековите одејќи со разни имиња, станала позната со денешната титула кон крајот на XX век, по големата бисерна обетка што ја носела портретираната девојка. Делото е во колекцијата на Маурицхаус во Хаг од 1902 година и е предмет на разни литературни третмани. Во 2006 година, холандската јавност ја избрала за најубава слика во Холандија.
Add new comment