Астурски јазик

Астурскиот (asturianu или bable) е романски јазик, дел од големата група на западноромански јазици. Астурскиот и леонскиот јазик ја сочинуваат групата на астурско-леонски јазици. Денес се проценува дека астурскиот јазик го зборуваат околу 100,000 луѓе како мајчин јазик, и околу 450,000 луѓе како втор јазик. Стандардниот астурски јазик се заснова на централноастурските дијалекти. Регулативното тело на јазикот е Академијата на астурскиот јазик. Астурскиот не е службен јазик, туку е заштитен со закон и неговото изучување во училиштата е опционално.

Destinations