Персиски јазик

Персискиот јазик (Фарси или Парси) (локално наречен: فارسی [fɒːɾˈsiː]) е индоевропски јазик кој се зборува во Иран, Авганистан и Таџикистан, и од малцинства во Узбекистан, Туркменистан, Азербејџан, и земји како Бахреин, Катар и Кувајт, но и на други места. Води потекло од јазикот на древните персијци. Дел е од иранската гранка на индоевропското јазично семејство.

Персискиот јазик и неговите варијанти се службени јазици во Иран, Авганистан и Таџикистан. Според Книга на светски факти на ЦИА, засновано на стари податоци, персискиот е мајчин јазик на околу 62 милиони луѓе во Иран, Авганистан, Таџикистан и Узбекистан и уште толку луѓе во остатокот од светот. Од УНЕСКО е побарано во 2006 да го избере персискиот како еден од неговите службени јазици.

Персискиот уште одамна бил медиум за книжевни и научни придонеси кон Исламскиот свет како и на запад. Има влијание врз извесни соседни јазици, особено на туркиските јазици од Средна Азија, Кавказ и Анадолија. Помало влијание има и врз арапскиот и другите месопотамски јазици.

Пет века пред британската колонизација, персискиот јазик бил нашироко користен како втор јазик на Индискиот Потконтинент; бил важен како јазикот на културата и образованието во неколку муслимански дворови во Индија и станал „официјален“ за време на могулските цареви. Англискиот на потконтинентот почнал деловно да се употребува дури во 1843. Како доказ за историското влијание наперискиот јазик во регионот ја гледаме во мерата на неговото влијание врз хиндустанскиот јазик (резултирајќи во урду), маратскиот, пенџапскиот, синдскиот и гуџаратскиот, како и популарноста која персиската книжевност сѐ уште ја ужива во регионот. Покрај ова, мал број на говорницина персиски (главно дарски и таџички дијалекти) можеме да најдеме во урбаните и западни загорја во Пакистан.

Destinations