Dolomiti
( Доломити )Доломити (италијански: Dolomiti, ладински: Dolomites; германски: Dolomiten, венецијански: Dołomiti, фурлански: Dolomitis) — планински венец во североисточна Италија. Сочинуваат дел од Јужните Варовнички Алпи и се протегаат од реката Адиџе на запад до долината на Пијава (Пјеве ди Кадоре) на исток. Северната и јужната граница ја образуваат Пустерската и Суганската Долина. Венецот е речиси подеднакво распределен во покраините Белуно, Јужен Тирол и Трентино.
На исток, преку реката Пијава се протегаат планински групи со сличен геолошки состав, наречени Прекупијавски Доломити (Dolomiti d'Oltrepiave); во далечината, преку реката Адиџе на запад е Брентската група (Западни Доломити). Постои и помала група наречена Мали Доломити (Piccole Dolomiti), сместена меѓу покраините Трентино, Верона и Виченца (на картата). ...Read more
Доломити (италијански: Dolomiti, ладински: Dolomites; германски: Dolomiten, венецијански: Dołomiti, фурлански: Dolomitis) — планински венец во североисточна Италија. Сочинуваат дел од Јужните Варовнички Алпи и се протегаат од реката Адиџе на запад до долината на Пијава (Пјеве ди Кадоре) на исток. Северната и јужната граница ја образуваат Пустерската и Суганската Долина. Венецот е речиси подеднакво распределен во покраините Белуно, Јужен Тирол и Трентино.
На исток, преку реката Пијава се протегаат планински групи со сличен геолошки состав, наречени Прекупијавски Доломити (Dolomiti d'Oltrepiave); во далечината, преку реката Адиџе на запад е Брентската група (Западни Доломити). Постои и помала група наречена Мали Доломити (Piccole Dolomiti), сместена меѓу покраините Трентино, Верона и Виченца (на картата).
Венецот има еден национален парк и поголем број регионални паркови. Во август 2009 г. Доломитите се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.
Add new comment