Château de Versailles

( Версај (дворец) )

Версајскиот дворец (фр. Château de Versailles) е кралски дворец, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Версај во Франција. Почнувајќи од 1682 год. кога кралот Луј XIV се преселил таму од Париз, па сè додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз во 1789, Версајскиот двор бил центарот на моќта.

Во 1660 год. кралот Луј XIV, кој веќе станал доволно возрасен за да владее, барал соодветно место за дворец близу Париз кој ќе биде истовремено доволно далеку за да се избегне бучавата на градот. Тој израснал со нередите на граѓанската војна помеѓу сопернички аристократски семејства и затоа барал место каде што ќе може да ја организира и комплетно контролира владата на Франција на начин на кој тој ќе биде во апсолутен центар на внимание. Тој избрал едно ловно засолниште од татка си и решил да го претвори во дворец. Во 1661 год. архитектот Луј Ле Во направил некои додатоци на засолништето кои подоцна биле понатаму доградени од негова страна...Read more

Версајскиот дворец (фр. Château de Versailles) е кралски дворец, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Версај во Франција. Почнувајќи од 1682 год. кога кралот Луј XIV се преселил таму од Париз, па сè додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз во 1789, Версајскиот двор бил центарот на моќта.

Во 1660 год. кралот Луј XIV, кој веќе станал доволно возрасен за да владее, барал соодветно место за дворец близу Париз кој ќе биде истовремено доволно далеку за да се избегне бучавата на градот. Тој израснал со нередите на граѓанската војна помеѓу сопернички аристократски семејства и затоа барал место каде што ќе може да ја организира и комплетно контролира владата на Франција на начин на кој тој ќе биде во апсолутен центар на внимание. Тој избрал едно ловно засолниште од татка си и решил да го претвори во дворец. Во 1661 год. архитектот Луј Ле Во направил некои додатоци на засолништето кои подоцна биле понатаму доградени од негова страна (1668). Во 1678 год. архитектот Жил Ардуен Мансар ја преземал задачата и доградил уште две крила, кралска капела и познатата Сала на огледалата. На 6 мај, 1682 Луј XIV конечно се преселил во дворецот. Меѓу другото, дел од поставениот мебел бил префрлен од дворецот Во-ле-Виконт кој му припаѓал на министерот на финансии Никола Фуке, но бил конфискуван заради тоа што Фуке бил фатен во финансиска проневера.

Подоцна, времето на кралевите Луј XV и Луј XVI кон комплексот биле додадени уште неколку помали згради во Версајскиот парк како Големиот Тријанон (дело на Луј Ле Во и Жил Ардуен Мансар) и Малиот Тријанон (дело на Анж Жак Габриел), како и селцето на кралицата Марија Антоанета познато како „Пети амо“ (Petit hameau), кое на некој начин било еден од првите музеи на отворено во светот.

Photographies by:
Statistics: Position
548
Statistics: Rank
171785

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
293865417Click/tap this sequence: 6235

Google street view

Where can you sleep near Версај (дворец) ?

Booking.com
487.376 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 2 visits today.