Salzburg
( Салцбург )Салцбург (правилно: Залцбург, (германски: Salzburg) — четврти град по големина во Австрија, сместен во средишниот дел на државата. Претставува административен, економски и културен центар на истоимената покраина Салцбург. Салцбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како "град на класичната музика", благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде. Салцбург е познат и по блискоста на Алпите и познатите алпски зимски центри, па затоа го викаат „Врата на Алпите“.
Add new comment