Hallstatt
( Халштат )Халштат (германски: Hallstat) — гратче во округот Гмунден во покраината Горна Австрија, Австрија. Сместен е на брегот на истоименото езеро, на автопатот помеѓу Салцбург и Грац. Зафаќа површина од 60 км2 и тука живеат 794 жители.
Халштат е познат по добивањето на сол, кое датира уште од праисторијата. Освен тоа, Халштат е прочуен по Халштатската култура, која е една од првите култури на келтските, пракелтските и предилирските народи од младото железно време, кои живееле на местото околу 800–450 г. п.н.е.
Add new comment