Непалски јазик
- „Непалски“ е името и на неварскиот јазик.
Непалскиот јазик (नेपाली) е јазик од групата индоариски јазици во рамките на индоевропското семејство.
Претставува службен јазик и лингва франка во Непал, но се говори и во Бутан, Делови од Индија и делови од Мјанмар (Бурма). ВО Индија, непалскиотужива статус на службен јазик во сојузната држава Сиким и округот Дарџилинг во Западен Бенгал. Неговото влијание е забележливо во Бутан и извесни делови од Бурма. Низ историјата, јазикот се развивал во содејство со околните јазици од тибетско-бурманското семејство, од кои поважна улога одиграле кирантскиот и гуруншкиот, поради што непалскиот има влијанија од истите.
Во минатото, јазикот најпрвин се нарекувал каскура (говор на „касите“, т.е. оризари), потоа гуркали (говор на Гурките), за на крај да биде наречен непали („непалски“). Други називи се парбатија („планински јазик“, говор на народот Парбатија во Непал) и лоцамика („јужен јазик“, говор на народот Лоцампа во Бутан).