מצדה
( Масада )Масада (מצדה metsada „тврдина“) е древна тврдина во јужниот дел на Израел, што се наоѓа на врвот од изолирана карпа во форма на плато, на источниот дел од Јудејската пустина, крај Мртво Море, 20 километри источно од Арад.
Ирод I Големиот изградил палати за себе на планината, и ја утврдил Масада во годините меѓу 37 и 31 година п.н.е. Според Јосиф Флавиј, Опсадата на Масада од страна на трупите на Римското Царство, што се случила кон крајот на првата Еврејско-Римска војна,завршила со масовно самоубиство на 960 луѓе – сикариски бунтовници и нивните семејства кои се криеле таму. Масада денес е едно од најпопуларните туристички места во Израел.
Photographies by:
Classical Numismatic Group - CC BY-SA 3.0
Zones
Statistics: Position
717
Statistics: Rank
141470
Add new comment