Pulau Lombok
( Ломбок )Ломбок (индонезиски: Lombok) — остров во покраината Западните Мали Сундски Острови во Индонезија. Тој е дел од Малите Сундски Острови, со Ломбочкиот Проток кој на запад го одвојува од Бали и Аласкиот Теснец меѓу него и Сумбава на исток. Тоа е прилично кружен, со "опашка" (полуостровот Секотонг) на југозапад, околу 70 километри долг и со вкупна површина од околу 4514 км2. Најголемиот град на островот е Матарам.
Ломбок по големина и густина како и по културното наследство наликува на соседниот остров Бали, кој се наоѓа на запад. Сепак, тој административно е дел од Западна Ниса Тенгара, заедно со поголемот и поретко населениот остров Сумбава, на исток. Ломбок е опкружен со голем број помали острови локално наречени Гили.
На островот живеат околу 3.35 милиони Индонезијци како што е запишано во деценискиот попис од 2014.
Add new comment