Пештерата Ласко (француски: Grotte de Lascaux) се наоѓа на југозападот на Франција и позната е по свои полихромни цртежи од времето на подоцнежниот палеолит. Пештерата се наоѓа во близина на местото Монтињак во департманот Дордоња. Вкупна површина на пештерата е околу 120 м². Се смета дека цртежите во пештерата Ласко се стари 17.300 години. На цртежите се претставени големи животни, од кои за повеќето може со анализа на фосилите да се потврди дека живееле во овој крај. Тоа се: коњи, бизони, говеда, елени и планински овци, а поретко: мечки, носорози и крупни мачки.
1979 година пештерата Ласко, заедно со други праисториски наоѓалишта во долината на реката Везер, ставена е на списокот на УНЕСКО како Светско наследство.мини|200п|План на пештерата Ласко Се смета дека палеолитските луѓе во пештерите вршеле магиски ритуали. Последните години претставена е теоријата дека цртежите во пештерите Ласко претставуваат праисториски слики на созведијата.
Add new comment