Корјачки јазик
Корјачкиот е чукотски јазик, дел од јазичното семејство на чукотско-камчатски јазици. Јазикот го зборуваат околу 3.000 Корјаци во крајните североисточни предели на Сибир. Сроден на јазикот е чукчискиот јазик. Самиот народ го именува јазикот како нимилански (нымылан).