Кинематографија на САД

Кино-салите во Соединетите Американски Држави имале целосно влијание на кино-салите низ светот уште од раниот 20. Век. Историјата на киното е поделена на четири главни периоди: тивката филмска ера, класичното Холивудско кино, новиот Холивуд, и сегашниот период кој трае (од 1980година). Од 1920 година Американската филмска индустрија заработуваше повеќе пари секоја година од која било друга држава во светот.

Во 1878 година Едвард Мејбрич ја покажа силата на фотографијата во слика на движење. Во 1894 година, првата изложба на слики во движење во светот беше прикажана во Њуjорк, користејќи го кинетоскопот на Томас Алва Едисон. Соединетите Американски Држави беше во редовите за развиток на звукот на филмот во наредните декади. Од раниот дваесетти век, Американската филмска индустрија е на големо заснована во и околу Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија. Пикџр Сити, Флорида беше планиран за центар на филмската продукција во 1920 година, но траеше до ураганот Окичоби во 1928 година, идејата пропадна и на Пикчр Сити му беше вратено старото оригинално име Хоуб Саунд. Директорот Д.В. Грифит беше одговорен за развојот на таканаречената „филмска граматика“ како и „Граѓанинот Кејн“ од 1941 на Орсон Велс, за кој критичарите велат дека е најдобар филм на сите времиња. Американските глумци на платното како што се Џон Вејн и Мерилин Монро станаа исконски личности, додека продукцијата на Волт Дизни стана водач во анимираните филмови и рекламирањето на истите. Големите филмски студиа во Холивуд се примарниот извор на комерцијално успешните филмови во светот, како што се „Одвеани од виорот“ (1939), „Војна на ѕвездите“ (1977), „Титаник“ (1997) и „Аватар“ (2009). Денес, американските филмски студиа колективно произведуваат стотици филмови секоја година, правејќи ги Соединетите Американски Држави трети плодотворни продуценти за филмови во светот – прва Индија, а втора е Нигерија.