Kīlauea
( Килауеа )Килауеа (хавајски: Kīlauea) — вулкан на Хаваите, на југоисток од архипелагот, на истоимениот остров. Овој штитест вулкан кој се формирал во подножјето на блискиот Мауна Лоа се издига на 1.246,2 м надморска висина, и е еден од најголемите светски вулкани според количината на излеана лава. Од нејзиниот врв крунисан со купа чија должина е пет километри, во два правци се простираат бројни кратери, конуси и вулкански пукнатини со должини од повеќе десетици километри. Еден од неговите еруптивни отвори, Пуу Оо, е во постојана ерупција од 3 јануари 1983 година што Килауеа го прави еден од најактивните вулкани на светот земајќи ги предвид 52 избуви што тој ги имал само во текот на 20 век. Овие избуви кои го дефинирале хавајскиот избувен вид се одликува со лава со голема флуидност која доаѓа од хавајската жешка точка и од која произлегле и други вулкани од архипелагот.
Килауеа (хавајски: Kīlauea) — вулкан на Хаваите, на југоисток од архипелагот, на истоимениот остров. Овој штитест вулкан кој се формирал во подножјето на блискиот Мауна Лоа се издига на 1.246,2 м надморска висина, и е еден од најголемите светски вулкани според количината на излеана лава. Од нејзиниот врв крунисан со купа чија должина е пет километри, во два правци се простираат бројни кратери, конуси и вулкански пукнатини со должини од повеќе десетици километри. Еден од неговите еруптивни отвори, Пуу Оо, е во постојана ерупција од 3 јануари 1983 година што Килауеа го прави еден од најактивните вулкани на светот земајќи ги предвид 52 избуви што тој ги имал само во текот на 20 век. Овие избуви кои го дефинирале хавајскиот избувен вид се одликува со лава со голема флуидност која доаѓа од хавајската жешка точка и од која произлегле и други вулкани од архипелагот.
Add new comment