Hrvatski jezik ( Хрватски јазик )
Хрватскиот јазик (хрватски: hrvatski jezik) е јужнословенски јазик. Се зборува од околу 6,5 милиони луѓе, главно Хрвати. Хрватскиот јазик најмногу се зборува во Хрватска и Босна и Херцеговина, но и кај хрватската дијаспора во светот. Во Хрватска и Босна и Херцеговина, хрватскиот е службен јазик, додека во Хрватска е и национален јазик. Покрај овие две држави, хравсткиот има статус на малцински или регионален јазик во Романија, Австрија, Црна Гора и Италија.
Хрватскиот јазик е составен од воглавно три големи дијалектни групи, и тоа: штокавско наречје, чакавско наречје и кајкавско наречје. Стандардниот хрватски јазик се заснова на штокавското наречје, кое пак е исто така основа за стандардните српски, босански и црногорски јазик. Хрватскиот јазик се пишува со хрватската азбука, кое е единствено официјално писмо во Хрватска и второ официјално писмо во Босна и Херцеговина, покрај кирилицата.