Խաչքար ( Хачкар )

Хачкар (ерм.|խաչքար, во буквален превод е „крст во камен“) претставува камена плоча со изделкан крст карактеристична е за ерменската христијанска уметност. Хачкари вообичаено се подигале во рамките на манастирите и црквите, како посебни камени плочи, а честопати и како дел од фасада, па и на гробниците.

Се делкаат обично во базалтни карпи кои се многу отпорни на корозија што им дава долготрајност. Во поново време хачкари главно се делкаат во карпи од вулкански туф.

Најчести мотиви се крстови на позадините во форма на розета или сончеви дискови, украсени со различни апстрактни форми или симболи од природата. Поретко на хачкарите се наоѓаат прикази од Библии или ликови на светители. Иако сите се дизајнирани по исто образец , секој хачкар е поединечен и посебен. До денес на територија на Ерменија откриени се околу 40.000 од овие камени споменици.

Обично се подигани како заветни споменици во знак на благодарност кон Бога поради некои важни настани.

Од ноември 2010 година ерменските хачкари се вклучени на УНЕСКО списокот на нематеријално светско културно наследство.

Destinations