Lenguas quechuas ( Кечуански јазици )

Кечуански јазици (кечуански: Qhichwa rimaykuna) — поим со кој се опфатени кечуанскиот јазик, негови дијалекти или многу сродни помали варијанти. Оваа група се зборува во западна Јужна Америка и е најголем староседелски јазик на тој континент со околу 6 до 8 милиони говорници, но можеби и повеќе. Јазикот (или јазиците) се зборува во регионот на Андите. Оваа група всушност опфаќа само еден голем кечуански јазик, но во различни литертаури може да се набројат и јазици кои во поширока гледна точка се сметаат за дијалекти на истиот.

Сите дијалекти или јазични варијации, вклучително и кечуанскиот јазик потекнуваат од заеднички стар јазик наречен пракечуански јазик. Пред еден милениум стариот јазик се проширил низ Јужна Америка и со тоа се создале различни варијанти на јазикот, па денес може да се сретнат кечуански дијалекти кои не се разбираат меѓу себе, што е и причина за создавање на кечуанска фамилија на јазици кои досега се сметаат за негови дијалекти.

Именувањата на дијалектите или јазиците се според местоположбата, па така има: куско кечуански, јужен кечуански, анкашки кечуански или кичва кој е назив за северниот или еквадорскиот кечуански јазик.

Destinations