Capoeira ( Капуера )
Капуера (португалски изговор: [kapuˈejɾɐ]) е африканско-бразилска вештина со комбинирани елементи од боречки вештини, музика и танц. Била создадена во Бразил од страна на робовите донесени од Африка, особено од оние од денешна Ангола некаде после 16 век. Се развила во областа Киломбо дос Палмерас, која се наоѓа во Бразилската држава Алагоас и имала големо влијание над афро-разилските генерации, била застапена и во државите Баија, Пернамбуко и во Рио Де Жанеиро. Учесниците во ходата или кругот, свират на музичките инструменти ( како што е биримбао), пејат, и прават спаринг по парови во центарот на кругот. Спарингот го карактеризираат флуидна акробатска игра, финти, и екстензивно употребување на замавнувања, удари со нозе и удари со глава. Поретко се употребуваат техники кои вклучуваат удари со лакти, шлаканици, боксови. Историчарите се поделени на едни кои веруваат дека таа е директен потомок на африканските боречки стилови и други кои веруваат дека е уникатен бразилски танц дестилиран од различни африкански и бразилски влијанија. Едно популарно објаснување тврди дека тоа е африкански боречки стил кој бил развиен во Бразил, поставена од поборникот Салвано, кој кажал - Капуерата не може да постои без црниот човек, но нејзиното родно место е Бразил.