Гробовите Кутуб Шахи се наоѓаат во Ибрахим Баг (градинарска област), блиску до познатата тврдина Голконда во Хајдерабад, Индија. Тие ги содржат гробниците и џамиите изградени од различните кралеви од династијата Кутуб Шахи. Галериите на помалите гробници се еднокатни, додека поголемите се двокатни. Во центарот на секоја гробница е саркофаг кој го надвива вистинскиот погребен свод во криптата долу. Куполите првично беа обложени со сини и зелени плочки, од кои сега останаа само неколку парчиња.
Комплексот беше ставен од УНЕСКО на својата „пробна листа“ за да стане светско наследство во 2014 година, со други во регионот, под името Споменици и тврдини на Деканскиот султанат (и покрај тоа што има голем број на различни султанати).
Add new comment