芸妓 ( Гејша )

Гејши (芸者), геико или гејџи (芸妓) се традиционални женски jапонски забавувачки, чии вештини вклучуваат изведба на различни јапонски уметности, како што се музика, танцување и поезија. Некои веруваат дека гејшите се проститутки, но тоа сепак е погрешно. Терминот „гејша“ е составен од 2 јапонски збора (геи) што значи уметност и 者 (ша) што значи „личност што прави“ или „се занимава со...“. Најбуквален превод на зборот гејша е уметник. Гејшите се многу почитувани и тешко е да се стане гејша.

Модерните гејши сѐ уште живеат во традиционалните куќи за гејши наречени „окија“ (置屋) во квартови наречени ханамачи (花街 „цветни градови“). Сепак, постарите гејши кои се успешни поседуваат своја куќа. Според зборовите на славната гејша Минеко Ивасаки „гејшата е како цвет, убава на свој начин, и како врба,грациозна, флексибилна и силна.“

Во Јапонија гејшата се смета за културна икона.

Destinations