Lingua galega ( Галисиски јазик )

Галисиски јазик (галисиски: galego, МФА: [gaˈlego]) — јазик од гранката на иберороманските јазици зборуван во Галисија, Шпанија со уставен статус како историска националност и сместен во Северозападна Шпанија и во мал број на општини во Астурија и Кастиља.

Галисиски и португалски јазик биле во средновековниот период единствен јазик што јазичарите го нарекувале галисиско-португалски јазик, средновековен галисиски или стар португалски зборуван на територија на старото кралство Галисија. Двата јазика се дури и денес обединети на некој начин во некои северни делови во Португалија.

Destinations