台灣南島語 ( Формозански јазици )
Формозански јазици или тајвански јазици — група австронезиски јазици кои се зборуваат/ле на територијата на денешен Тајван. Тие се староседелските народи на островот и во државата се признати како официјално малцинство и денес се околу 2% од вкупното население на државата. Сепак, бројот на староседелци кои ги зборуваат мајчините јазици е далеку помал од бројот на вкупното староседелско население, најмногу благодарение на јазичната асимилација. Од околу 26 јазици, најмалку десет се изумрени, четири или пет се при умирање и уште неколку од нив се сметаат за загрозени. Староседелските јазици во Тајван имаат голема важност во историската лингвистика, бидејќи Тајван се смета за место од каде потекнуваат сите австронезиски јазици.