Фелибриж

Фелибриж (француски: Félibrige)- книжевна школа и здружение за обнова на провансалкиот јазик и култура, основано во средината на 19 век. Основачи и најистакнати претставници на фелибристите се Фредерик Мистрал, Теодор Обанел, Анселм Матје и Жозеф Руманиј. Другите тројца основачи на движењето, сликарот-поет Жан Брине, нотарот-поет Пол Гиера и земјоделецот-писател Алфонс Таван, не оставиле поголема трага во книжевноста. Како најстар и најучен, Руманиј бил водач на „Фелибриж“.