جمل عربي ( Едногрба камила )

Едногрба камила (науч. Camelus dromedarius), наречена и дромедар или арапска камила — вид цицач од семејството на камилите (Camelidae).

Камилата прв ја опишал Аристотел, а биномниот (научен) назив ѝ го дал Карл Лине во Систем на природата (1758). Најрани предци на овие животни се членовите на изумрениот род Protylopus од еоценот. Мажјаците се високи 1,8–2 м и тешки 400–600 кг, додека пак женките се високи 1,7–1,9 м и тежат 300-540 кг. По боја се движат од светла до темна кафеава. Забележливата грпка е висока 20 см и составена од масти сврзани со влакнесто ткиво.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Destinations