Bunkerët në Shqipëri ( Бункери во Албанија )
Бетонските бункери во Албанија — стотици илјади бункери кои се наоѓаат во Албанија, со просек од 5.7 бункери за секој квадратен километар. Бункерите (албански: bunkerët) биле изградени за време на комунистичката влада на Енвер Хоџа од 1960-тите до 1980-тите години. До 1983 година околу 173.371 бетонски бункери биле изградени низ целата земја.
Програмата за „бункеризација“ на Хоџа резултирала со изградба на бункери во секој агол на тогашната Народна Социјалистичка Република Албанија, почнувајќи од планинските премини до градските улици. Тие никогаш не биле користени за нивната намена за време на годините со кои управувал Хоџа. Трошоците за нивната изградба претставувале голем одлив на албанските ресурси, пренасочувајќи ги далеку од најсериозните потреби, како што се справувањето со недостигот на домување и лошите патишта во земјата.
Бункерите биле напуштени по распадот на комунизмот во 1990 година. Поголемиот дел од бункерите денес се напуштени, иако некои се повторно во употреба за различни цели, вклучувајќи сместување, кафулиња, складишта и засолништа за животни или бездомници.