Белуџиски јазик

Белуџискиот е западноирански јазик, од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Белуџискиот е мајчин јазик на Белуџите во регионот Белуџистан во Иран и Пакистан. Исто така, за некои Брахуи јазикот е втор јазик. Белуџискиот е еден од деветте службени јазици во Пакистан и покраински јазик во Иран.