Euskara ( Баскиски јазик )

Баскиски јазик (Euskara) — изолиран јазик што го зборуваат Баските во Баскија во североисточна Шпанија и во југозападна Франција. Јазикот го зборуваат околу четвртина од Баските. Пред да се воведе во образовниот систем не бил зборуван во Алава, во западен Бискај или во јужниот дел на Навара. Од околу 3.000.000 Баски, околу 1.063.000 луѓе го зборуваат јазикот. Од вкупниот број на луѓе што го зборуваат јазикот 566.000 живеат во шпанскиот регион на Баскија, а остатокот во Франција.

Стандардната форма на баскискиот јазик се вика Батуа и била создадена на крајот од XX век. Оваа стандардна верзија е воглавно користена во шпанскиот дел на Баскија. Покрај оваа стандардна верзија, има шест баскиски дијалекти: вискајски, гипускојски, горнонаварски, долнонаварски, лапурдски и зуберански (во Франција). Политичките граници не ги делат дијалектите што е случај со повеќето јазици како во Европа така и на Балканот.