Балиски јазик

Балиски јазик (Basa Bali) — јазик од поширокото малајско-полинезиски семејство кој го говорат 3,3 милиони луѓе на индонезискиот остров Бали, на северот на Пенида, западниот дел на Ломбок и источна Јава. Највеќето говорници на балискиот го владеат и индонезискиот јазик.

Во 2011, Културната агенција на Бали објавила дека на островот Бали нема повеќе од 1 милион жители што го користат балискиот јазик во секојдневниот живот бидејќи во градовите родителите говорат само на индонезиски (па дури и англиски), а истиот има исчезнато од установите и медиумите. Најголемиот дел од населението не го владее и користи балиското писмо, а во секојдневието, јазикот се употребува смешан со индонезиски. Меѓутоа, иселениците во други подрачја вон Бали го користат јазикот во изворен облик и затоа тие играат важна улога во неговото зачувување.

Повисоките регистри на јазикот имаат многу заемки од јаванскиот. На Бали се користи и кави (стар облик на класичниот јавански) во богослужби, обреди и свечености.

Destinations