Bakllavaja ( Баклава )

Баклава (турски: baklava) — вид на многу сладок десерт. Баклавата всушност претставува слатка пита која може да има и до 70 тенки кори. Таа потекнува од просторите на поранешното Отоманско Царство и денес се приготвува во земјите наследнички. Оттука, десертот се среќава во македонската, црногорската, босанската, српската, бугарската, грчката и турската кујна. Баклавата во минатото се приготвувала исклучиво во домаќинствата или слаткарниците, но денес може да се најде и во продавници и самопослуги како полуиндустриски производ.

Destinations