Атакама (шпански: Atacama) — пустина во Јужна Америка која се простира околу 1 000 км покрај брегот на Тихиот Океан во северните делови на Чиле. Спаѓа во таканаречените приморски пустини, кои се формираат во тропските предели на западните брегови на континентите. Делумно е песоклива, а делумно каменита пустина. Годишните количества врнежи се под 50 мм. Температурите не се многу високи и се движат околу 20°С во јануари. Растителниот и животинскиот свет се сиромашни. На брегот на морето се јавуваат големи колонии на птици.
Add new comment