Амхарски јазик
Амхарскиот (አማርኛ, /amarɨɲːa/) е семитски јазик, дел од подгрупата на етиопски јужносемитски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Амхарите, „лингва франка“ во Етиопија и службен јазик на федерално ниво во државата.
Амхарскиот најверојатно првично се развил како резултат на мешање на различни кушитски и семитски говори (супстратуми) за да се олесни комуникацијата помеѓу народите кои зборувале мешавини од различни јазици. Оваа јазична форма им овозможила на војската (па и народот) да комуницираат и да развијат комуникативно средство кое било различно и независно од етиопската црква и нејзиниот етопски јазик.
Денес амхарскиот е работен (службен) јазик на Етиопија на федерално ниво, како и работен јазик на неколку сојузни држави во Етиопија. Со вкупно 21,811,600 говорници според податоците од 2007, вклучувајќи и 4,000,000 жители кои го говорат како втор јазик, амхарскиот е вториот најзборуван семитски јазик во светот, веднаш зад арапскиот.
Амхарскиот се пишува од лево кон десно користејќи го етиопското писмо. Писмото е абугида. Нема универзално прифатлив систем за транслитерација на амхарскиот. Системот за транслитерација кој се користи тука е често користен систем на академско ниво.